Tuesday, November 17

Настани

ПОРАКА ЗА ЏУМА И МАНИФЕСТАЦИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ВО ЏАМИЈАТА „ХАЏИ САБРИ“ ВО СЕЛО БАТИНЦИ
Активности, Настани

ПОРАКА ЗА ЏУМА И МАНИФЕСТАЦИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ВО ЏАМИЈАТА „ХАЏИ САБРИ“ ВО СЕЛО БАТИНЦИ

На 22.10.2021 година (петок) пред џума намаз, во џамијата „Хаџи Сабри“ во с. Батинци е одржана церемонијата на хатме дова по повод завршувањето на исламската веронаука на 10 ученици кај муалимот на џамијата хфз. Рамадан еф. Асани. Оваа свеченост ја почестија: Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, референтот на џематот на регионот Каршиака хфз. Ирфан еф. Сулејмани; референтот за вакаф при Муфтиството х. Фејсал еф. Кадриу, имами, хафизи од овој крај, роднини на учениците и џематлии на оваа џамија. Пред џума намаз, се одржа церемонијата на хатме дова по повод завршувањето на исламската веронаука на 10 ученици на мектебот на џамијата „Хаџи Сабри“, кај нивниот муалим Рамадан ефенди кој во својот говор изрази благодарност во име на одборот на џамијата за присуството на Муфтијата, оперативата ...
МАНИФЕСТАЦИЈА ПО ПОВОД МЕВЛУД ВО ЏАМИЈАТА „АЛАЏА“ ВО СКОПЈЕ
Активности, Настани

МАНИФЕСТАЦИЈА ПО ПОВОД МЕВЛУД ВО ЏАМИЈАТА „АЛАЏА“ ВО СКОПЈЕ

Муфтиството во Скопје, во чест на роденденот на нашиот Пејгамбер, Мухамед а.с., во вторник, на 19 октомври 2021 година, по икиди намаз, во џамијата „Алаџа“ во Скопје, ја организираше традиционалната манифестација посветена на овој свет настан. Меѓу присутните верници, имами и хафизи, присутен на овој настан беше и претседателот на Исламската верска заедница на РСМ, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, придружен од шефот на кабинетот д-р Абдулкерим еф. Исени и генералниот секретар на ИВЗ Ирсал еф. Јакупи; аташето во Амбасадата на Турција г-дин Мустафа Местен, хатибот на џамијата Локман еф. Камбери, имамот на џамијата хфз. Бејтула еф. Селмани. Програмата е отворена со ашере, испеана од хфз. Бејтула еф. Селмани, имам во џамијата „Алаџа“. За да биде оваа манифестација поблагородна ...
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛО ПАТИШКА РЕКА
Вести, Настани

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛО ПАТИШКА РЕКА

Во вторник, на 10 август 2021 година, со свечена програма, под организација на Муфтиството во Скопје, се отвори обновената џамија во село Патишка Река. На оваа церемонија присуствуваа; Претседателот на Исламската верска заедница, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили, директорите на секторите во Ријасетот на ИВЗ, шефот на кабинетот на Реисул Улема д-р Абдулкерим еф. Исени, Муфтијата на Муфтиството во Кичево м-р Ќамил еф. Рушити, градоначалникот на Сопиште, г. Стефче Трповски, имами и хафизи од сите скопски региони како и џематлии од регионот Каршика. Програмата се отвори со ашере во интерпретација на хфз. Џемаил еф. Нухију, раководител на Институтот за Хифз „Хфз. Исмаил Ефенди“ – Скопје. Потоа, поздравен говор одржа претс...
ДИПЛОМИРАА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ НА ЏАМИЈАТА БЕДР ВО БУТЕЛ
Настани

ДИПЛОМИРАА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ НА ЏАМИЈАТА БЕДР ВО БУТЕЛ

Hа 31 Јули 2021 година, се одржа церемонија на хатме дова по повод завршувањето на веронуакта на дипломираните ученици од мектебот на џамијата Бедр во Бутел - Скопје. Муневере Халими, муалима на учениците, во име на семејствата на учениците им се заблагодари на присутните што одвоија време да присуствуваат на церемонијата. На церемонијата одржана во оваа џамија, учениците презентираа делови од стекнатите знаења и рецитираа делови од Светиот Куран. Во име на Муфтиството во Скопје, Мубера Ј. Асани, член на комисијата, одржа почесен говор и потоа им ги додели дипломите и ги поздрави учениците за овој успех, а на муалимата и додели книга и благодарница во име на Муфтиството во знак на благодарност за дадениот придонес во напредокот на исламската веронаука во мектебот на џамијата....
Активности, Настани

Церемонија на хатме дова во Џамијата со две минариња – Сарај

Џамијата со две минариња во Сарај, денес 10 јуни 2021 година, после икинди намаз реализираше церемонија на хатме дова по повод дипломирањето на 21 ученик во основите на исламската вероисповест, кај муалимот Мухамед еф. Таири. На оваа церемонија учествуваше Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од референтите на Муфтиството, имами, хафизи и роднини на учениците како и џематлии од џамијата. Во продолжение следуваше програмата подготвена од учениците на овој мектеб под раководство на муалимот Мухаед еф. Таири. Почесниот говор го одржа Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили кој го оцени високиот ангажман на муалимот на џамијата. Пред заокружување на церемонијата, на сите ученици, Муфтијата им додели дипломи, а за неговата неуморна работа, на муалимо...
Активности, Настани

ПЕТТА СЕСИЈА ЗА СЛУШАЊЕ НА НОВИОТ ХАФИЗ ЕНСАР ЧАЈАНИ

Вчера, на 10 јуни 2021 година (четврток), пред комисијата за оценување на хафизите при Муфтиството во Скопје, се одржа петта сесија за слушање на новиот хафиз Енсар Чајани. Пред почетокот на сесијата за слушање, со збор се обрати д-р Фатмир еф.Заими. Пред комисијата, Хафизот ги рецитираше 22, 23, 24 и 25 џуз. Слушањето на хафизот ќе продолжи во наредниот ден.
МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ВО СОРАБОТКА СО „ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА – СКОПЈЕ“ ОРГАНИЗИРА СОБИРАЊЕ НА ОСТАТОЦИ ОД КУРБАНИ
Активности, Настани

МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ВО СОРАБОТКА СО „ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА – СКОПЈЕ“ ОРГАНИЗИРА СОБИРАЊЕ НА ОСТАТОЦИ ОД КУРБАНИ

Денес, 30 јули 2020 година, Муфтијата на Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили и директорот на ЈП Комунална хигиена - Скопје, г. Абдусамед Шабани на прес-конференција ги извести граѓаните дека годинава во сите општини во Скопје, во периодот од 30.07 - 01.08.2020 година, ЈП Комунална хигиена - Скопје ќе постави специјални контејнери со зафатнина од 5м3 во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад од курбаните. Со цел да ги промовираме универзалните вредности на исламската религија и да покажеме висока граѓанска свест во грижата за нашето опкружување, се погриживме да направиме сериозна организација. Имајќи го предвид искуството од минатата година, со посебно внимание ќе ја следиме работата и на терен преку нашите вработени и благодарение на професионалната работа на ЈП Комунална ...
ЦЕРЕМОНИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ВО ЏАМИЈАТА “РЕШАДИЈЕ” – СЕЛО СВЕТА ПЕТКА
Активности, Настани

ЦЕРЕМОНИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ВО ЏАМИЈАТА “РЕШАДИЈЕ” – СЕЛО СВЕТА ПЕТКА

  Денес на 24 јули 2020 година (џума) пред џума намаз, во џамијата "Решадије" село Света Петка беше реализирана церемонија на хатме дова по повод завршувањето на исламската верска поука спроведена во мектебот на џамијата. На оваа програма беа присутни секретарот на Муфтиството во Скопје проф. Садрија Хасановиќ, референтот Фејсал еф. Кадриу и референтот проф. Реџеп еф. Имери. Пред почетокот на програмата со поздравен говор на присутните им се обрати хфз. Шаип еф. Јусуфи, хатиб и муалим на џамијата кој во името на родителите на учениците им се заблагодари на присутните кои одвоиле време да присуствуваат на оваа церемонија. Во продолжение, почесен говор одржа Фејсал еф. Кадриу кој меѓу другото истакна: "Несомнено, покрај муалимот кој даде свој придонес во пренесувањето н...
ЦЕРЕМОНИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ „ДРИТА„ (СВЕТЛИНА)
Активности, Настани

ЦЕРЕМОНИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ „ДРИТА„ (СВЕТЛИНА)

  Вчера, на 22 јули 2020 година (среда) во Џамијата Мустафа Паша се одржа церемонија на хатме дова по повод завршувањето на исламската верска поука на учениците од мектебот „ДРИТА„ (СВЕТЛИНА) – Топанско Поле. На оваа програма беше присутен Муфтијата на Муфтиството на ИВЗ во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од Референтите на Муфтиството, Управителот на Институтот за Хифз во Скопје, хфз. Џемаил еф. Нухију, оџи, родители и роднини на учениците како и голем број џематлии. Пред почетокот на програмата, со воведен збор, на присутните им се обрати муалимот на учениците хфз. Сабаатин еф. Нухију кој му се заблагодари на присутните кои одвоиле време за да присуствуваат на оваа церемонија. Во продолжение, Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили во својот говор по овој повод, ист...