Tuesday, November 17

Активности

СКОПСКИТЕ ЏАМИИ СО УНИФИЦИРАНИ ТАБЛИ
Активности, Вести

СКОПСКИТЕ ЏАМИИ СО УНИФИЦИРАНИ ТАБЛИ

Муфтиството во Скопје во својот годишен план на активности предвиде унифицирање на таблите на сите џамии во Скопје со институционален идентитет на Муфтиството. Таблите содржат лого на ИВЗ и на Муфтиството во Скопје, називот на џамијата, датумот на изградба, датумот на реизградба и датумот на реставрација на џамијата. Процесот на поставување на таблите почна во четврток (11 октомври 2021 година), и ќе заврши со унифицирање на сите наши џами; во регионот на градот, карадак, каршиака и регионот дервен.        ...
МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ДОМАКИН НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУРСКИТЕ ВАКАФИ Г-ДИН БУРХАН ЕРСОЈ
Вести, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ДОМАКИН НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУРСКИТЕ ВАКАФИ Г-ДИН БУРХАН ЕРСОЈ

Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, на 28.10.2021 година, во Скопје го прими г-дин Бурхан Ерсој, Генерален директор на Вакафот на Република Турција, придружен од г-ѓа Шенгил Конџаѓил Заменик директор на секторот за уметнички дела и градби, г-дин Акиф Солмаз - градежен инженер и г-дин Абдула Бекирли, заменик-шеф на кабинетот. На почетокот на средбата Муфтијата им посака добредојде на почесните гости и ги информираше за обемната активност на Муфтиството, особено за одржувањето на скопскиот вакаф и идните планови; информирајќи ги од прва рака за состојбата на џамиите, објектите и историските споменици во сопственост на Муфтиството во Скопје. Двете страни се договорија за подлабока соработка во конкретни проекти во иднина. На крајот од средбата, во знак на почит и благодарност, беа разм...
ПОРАКА ЗА ЏУМА И МАНИФЕСТАЦИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ВО ЏАМИЈАТА „ХАЏИ САБРИ“ ВО СЕЛО БАТИНЦИ
Активности, Настани

ПОРАКА ЗА ЏУМА И МАНИФЕСТАЦИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ВО ЏАМИЈАТА „ХАЏИ САБРИ“ ВО СЕЛО БАТИНЦИ

На 22.10.2021 година (петок) пред џума намаз, во џамијата „Хаџи Сабри“ во с. Батинци е одржана церемонијата на хатме дова по повод завршувањето на исламската веронаука на 10 ученици кај муалимот на џамијата хфз. Рамадан еф. Асани. Оваа свеченост ја почестија: Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, референтот на џематот на регионот Каршиака хфз. Ирфан еф. Сулејмани; референтот за вакаф при Муфтиството х. Фејсал еф. Кадриу, имами, хафизи од овој крај, роднини на учениците и џематлии на оваа џамија. Пред џума намаз, се одржа церемонијата на хатме дова по повод завршувањето на исламската веронаука на 10 ученици на мектебот на џамијата „Хаџи Сабри“, кај нивниот муалим Рамадан ефенди кој во својот говор изрази благодарност во име на одборот на џамијата за присуството на Муфтијата, оперативата ...
МАНИФЕСТАЦИЈА ПО ПОВОД МЕВЛУД ВО ЏАМИЈАТА „АЛАЏА“ ВО СКОПЈЕ
Активности, Настани

МАНИФЕСТАЦИЈА ПО ПОВОД МЕВЛУД ВО ЏАМИЈАТА „АЛАЏА“ ВО СКОПЈЕ

Муфтиството во Скопје, во чест на роденденот на нашиот Пејгамбер, Мухамед а.с., во вторник, на 19 октомври 2021 година, по икиди намаз, во џамијата „Алаџа“ во Скопје, ја организираше традиционалната манифестација посветена на овој свет настан. Меѓу присутните верници, имами и хафизи, присутен на овој настан беше и претседателот на Исламската верска заедница на РСМ, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, придружен од шефот на кабинетот д-р Абдулкерим еф. Исени и генералниот секретар на ИВЗ Ирсал еф. Јакупи; аташето во Амбасадата на Турција г-дин Мустафа Местен, хатибот на џамијата Локман еф. Камбери, имамот на џамијата хфз. Бејтула еф. Селмани. Програмата е отворена со ашере, испеана од хфз. Бејтула еф. Селмани, имам во џамијата „Алаџа“. За да биде оваа манифестација поблагородна ...
МУФТИЈАТА ГО ПРЕЧЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ
Вести, Посети

МУФТИЈАТА ГО ПРЕЧЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ

Во среда, 13 октомври 2021 година, Муфтијата го прими на состанок д-р Скендер Асанин - Директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје; д -р Севдаил Демири - Претседател на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците; и г - дин Сабаатин Нухију, службеник во ИДКНА. На оваа средба, Муфтијата беше детално информиран за посветеноста и широката активност на ИДКНА. Потоа, Муфтијата зборуваше за напредокот на активностите на Муфтиството во Скопје, предизвиците што ја придружуваа нашата активност, постигнатите резултати во овој период и плановите за во иднина. Двете страни ја изразија својата подготвеност за конкретна соработка во иднина во размена на искуства во однос на зголемување на заедничките проекти за подигање на свес...
МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР И ДИРЕКТОРКАТА НА КУЛТУРНО – ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР
Активности, Вести, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР И ДИРЕКТОРКАТА НА КУЛТУРНО – ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР

На 21.09.2021 г., муфтијата на муфтиството во Скопје, Др. Ќенан еф. Исмаили го пречека градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу и директорката на Културно-Информативниот Центар, г-ѓа Сермине Пурини. „Денеска имав чест и задоволство да бидам домакин на градоначалникот на Чаир, г-дин Висар Ганиун и г-ѓа Сермине Пурини, директорка на Културно-Информативниот Центар. На оваа повеќе од институционална и многу пријателска средба, разговаравме за имотите што му се вратени на Муфтиството во Скопје преку процесот на денационализација, како што се: Безистен, поранешната кино зграда „Албански театар за деца и млади“ и Капан Ан. Во оваа прилика, ги известив дека „Албанскиот театар за деца и младинци“ во скопската чаршија ќе продолжи да работи таму каде што е и ќе ги реализира сит...
УПАТСТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДНЕВНИТЕ НАМАЗИ ВО ЏАМИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПЕРИОДОТ НА ПАНДЕМИЈАТА КОВИД – 19
Активности, Вести

УПАТСТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДНЕВНИТЕ НАМАЗИ ВО ЏАМИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПЕРИОДОТ НА ПАНДЕМИЈАТА КОВИД – 19

Верниците со симптоми на грип , намазите ги обавуваат дома а не во џамија. Верниците ќе земаат абдес во нивните домови. Секој со себе носи лична сеџада, теспихи и личен Куран. Се задолжува да носи заштитна маска. Дезинфицира раце на влезот од џамијата. Внатре во џамијата се клања во места однапред одредени. Во дворот на џамијата се грижи за физичката оддалечност после молитвата. По завршување на намазот да се избегнат поздравите со физички контакт. Не создава гужва при излегување од џамија Не се задржува во групи непотребно , ниту внатре ниту надвор од џамијата. Да се почитуваат горонаведените упатства и да соработуваат со Џамискиот одбор и со верските службеници во реализирање на иситите. Нека Ал-лах џ.ш ги прими сите наши ибадети!...
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛО ПАТИШКА РЕКА
Вести, Настани

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛО ПАТИШКА РЕКА

Во вторник, на 10 август 2021 година, со свечена програма, под организација на Муфтиството во Скопје, се отвори обновената џамија во село Патишка Река. На оваа церемонија присуствуваа; Претседателот на Исламската верска заедница, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили, директорите на секторите во Ријасетот на ИВЗ, шефот на кабинетот на Реисул Улема д-р Абдулкерим еф. Исени, Муфтијата на Муфтиството во Кичево м-р Ќамил еф. Рушити, градоначалникот на Сопиште, г. Стефче Трповски, имами и хафизи од сите скопски региони како и џематлии од регионот Каршика. Програмата се отвори со ашере во интерпретација на хфз. Џемаил еф. Нухију, раководител на Институтот за Хифз „Хфз. Исмаил Ефенди“ – Скопје. Потоа, поздравен говор одржа претс...
ДИПЛОМИРАА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ НА ЏАМИЈАТА БЕДР ВО БУТЕЛ
Настани

ДИПЛОМИРАА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ НА ЏАМИЈАТА БЕДР ВО БУТЕЛ

Hа 31 Јули 2021 година, се одржа церемонија на хатме дова по повод завршувањето на веронуакта на дипломираните ученици од мектебот на џамијата Бедр во Бутел - Скопје. Муневере Халими, муалима на учениците, во име на семејствата на учениците им се заблагодари на присутните што одвоија време да присуствуваат на церемонијата. На церемонијата одржана во оваа џамија, учениците презентираа делови од стекнатите знаења и рецитираа делови од Светиот Куран. Во име на Муфтиството во Скопје, Мубера Ј. Асани, член на комисијата, одржа почесен говор и потоа им ги додели дипломите и ги поздрави учениците за овој успех, а на муалимата и додели книга и благодарница во име на Муфтиството во знак на благодарност за дадениот придонес во напредокот на исламската веронаука во мектебот на џамијата....
ПОСЕТА НА ЏЕМАТОТ НА МЕСЏИДОТ „МЕШИРА“ – ТОПАНСКО ПОЛЕ
Активности, Посети

ПОСЕТА НА ЏЕМАТОТ НА МЕСЏИДОТ „МЕШИРА“ – ТОПАНСКО ПОЛЕ

На 30 Јули 2021 година (петок), д-р Фатмир еф. Заими, референт за џамиите на градскиот регион, го одржа џума хутбето во џамијата „Мешира“ во населбата Топанско Поле. Д-р Фатмир еф. Заими ја пренесе пораката за џума и го предводеше џематот за џума намаз. „Исламски совети“ - беше темата за која зборуваше Фатмир Ефенди, во џума хутбето.