Tuesday, November 17

Вести

СКОПСКИТЕ ЏАМИИ СО УНИФИЦИРАНИ ТАБЛИ
Активности, Вести

СКОПСКИТЕ ЏАМИИ СО УНИФИЦИРАНИ ТАБЛИ

Муфтиството во Скопје во својот годишен план на активности предвиде унифицирање на таблите на сите џамии во Скопје со институционален идентитет на Муфтиството. Таблите содржат лого на ИВЗ и на Муфтиството во Скопје, називот на џамијата, датумот на изградба, датумот на реизградба и датумот на реставрација на џамијата. Процесот на поставување на таблите почна во четврток (11 октомври 2021 година), и ќе заврши со унифицирање на сите наши џами; во регионот на градот, карадак, каршиака и регионот дервен.        ...
МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ДОМАКИН НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУРСКИТЕ ВАКАФИ Г-ДИН БУРХАН ЕРСОЈ
Вести, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ДОМАКИН НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУРСКИТЕ ВАКАФИ Г-ДИН БУРХАН ЕРСОЈ

Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, на 28.10.2021 година, во Скопје го прими г-дин Бурхан Ерсој, Генерален директор на Вакафот на Република Турција, придружен од г-ѓа Шенгил Конџаѓил Заменик директор на секторот за уметнички дела и градби, г-дин Акиф Солмаз - градежен инженер и г-дин Абдула Бекирли, заменик-шеф на кабинетот. На почетокот на средбата Муфтијата им посака добредојде на почесните гости и ги информираше за обемната активност на Муфтиството, особено за одржувањето на скопскиот вакаф и идните планови; информирајќи ги од прва рака за состојбата на џамиите, објектите и историските споменици во сопственост на Муфтиството во Скопје. Двете страни се договорија за подлабока соработка во конкретни проекти во иднина. На крајот од средбата, во знак на почит и благодарност, беа разм...
МУФТИЈАТА ГО ПРЕЧЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ
Вести, Посети

МУФТИЈАТА ГО ПРЕЧЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ

Во среда, 13 октомври 2021 година, Муфтијата го прими на состанок д-р Скендер Асанин - Директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје; д -р Севдаил Демири - Претседател на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците; и г - дин Сабаатин Нухију, службеник во ИДКНА. На оваа средба, Муфтијата беше детално информиран за посветеноста и широката активност на ИДКНА. Потоа, Муфтијата зборуваше за напредокот на активностите на Муфтиството во Скопје, предизвиците што ја придружуваа нашата активност, постигнатите резултати во овој период и плановите за во иднина. Двете страни ја изразија својата подготвеност за конкретна соработка во иднина во размена на искуства во однос на зголемување на заедничките проекти за подигање на свес...
МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР И ДИРЕКТОРКАТА НА КУЛТУРНО – ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР
Активности, Вести, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР И ДИРЕКТОРКАТА НА КУЛТУРНО – ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР

На 21.09.2021 г., муфтијата на муфтиството во Скопје, Др. Ќенан еф. Исмаили го пречека градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу и директорката на Културно-Информативниот Центар, г-ѓа Сермине Пурини. „Денеска имав чест и задоволство да бидам домакин на градоначалникот на Чаир, г-дин Висар Ганиун и г-ѓа Сермине Пурини, директорка на Културно-Информативниот Центар. На оваа повеќе од институционална и многу пријателска средба, разговаравме за имотите што му се вратени на Муфтиството во Скопје преку процесот на денационализација, како што се: Безистен, поранешната кино зграда „Албански театар за деца и млади“ и Капан Ан. Во оваа прилика, ги известив дека „Албанскиот театар за деца и младинци“ во скопската чаршија ќе продолжи да работи таму каде што е и ќе ги реализира сит...
ЦИРКУЛАР | 10.09.2021
Вести

ЦИРКУЛАР | 10.09.2021

Почитувани, Муфтиството на ИВЗ во РСМ – Скопје споделувајќи ја големата болка со семејствата на настраданите кои ги загубија животите во трагичниот настан како последица на пожарот кој го зафати Центарот на Модуларната Болница за Ковид 19 во Тетово, каде што имаше и жртви и повредени, бара од сите верски службеници, денеска на 10.09.2021 (џума) во сите џамии на територијата на Скопје, за време на џума намаз да се изведува колективна молитва – дуа во знак на солидарност со нивните семејства. Муфтиството во Скопје ја изразува својата болка и искрено сочуство, молејќи му се на Возвишениот Алах, жртвите да ги помилува, наповредените да им овозможи побрзо оздравување, додека на семејствата и на поблиските да им даде сила и сабур за надминување на ова состојба. Муфтија Др. ...
ЦИРКУЛАР – COVID 19
Вести

ЦИРКУЛАР – COVID 19

Земајќи jа во предвид ситуацијата со Covid 19 која видливо е отежнета, Муфтиството Скопје, ги повикува сите имами, хатиби и одбори на џамии, со посебно внимание да се почитуваат сите здраствените протоколи, зашто ве замолуваме да бидете повнимателни со заштитните мерки за заштита на себеси и другите од ризикот од ифекција: - одржување на физичка дистанца - да се обележат точките за клањање - пред и после намазите да се проветруваат џамиите - поставување на дезинфектанти во влезот на џамиите - намазот да се клања во дворовите на џамиите ако го дозволуваат условите - носење на заштитни маски и индивидуално сеџаде - да се внимава на физичките контакти (да се избегне ракување) Забелешка: Ви се замолуваме хутбето на џума да не трае повеќе од 10 минути....
УПАТСТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДНЕВНИТЕ НАМАЗИ ВО ЏАМИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПЕРИОДОТ НА ПАНДЕМИЈАТА КОВИД – 19
Активности, Вести

УПАТСТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДНЕВНИТЕ НАМАЗИ ВО ЏАМИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПЕРИОДОТ НА ПАНДЕМИЈАТА КОВИД – 19

Верниците со симптоми на грип , намазите ги обавуваат дома а не во џамија. Верниците ќе земаат абдес во нивните домови. Секој со себе носи лична сеџада, теспихи и личен Куран. Се задолжува да носи заштитна маска. Дезинфицира раце на влезот од џамијата. Внатре во џамијата се клања во места однапред одредени. Во дворот на џамијата се грижи за физичката оддалечност после молитвата. По завршување на намазот да се избегнат поздравите со физички контакт. Не создава гужва при излегување од џамија Не се задржува во групи непотребно , ниту внатре ниту надвор од џамијата. Да се почитуваат горонаведените упатства и да соработуваат со Џамискиот одбор и со верските службеници во реализирање на иситите. Нека Ал-лах џ.ш ги прими сите наши ибадети!...
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛО ПАТИШКА РЕКА
Вести, Настани

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ЏАМИЈАТА ВО СЕЛО ПАТИШКА РЕКА

Во вторник, на 10 август 2021 година, со свечена програма, под организација на Муфтиството во Скопје, се отвори обновената џамија во село Патишка Река. На оваа церемонија присуствуваа; Претседателот на Исламската верска заедница, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили, директорите на секторите во Ријасетот на ИВЗ, шефот на кабинетот на Реисул Улема д-р Абдулкерим еф. Исени, Муфтијата на Муфтиството во Кичево м-р Ќамил еф. Рушити, градоначалникот на Сопиште, г. Стефче Трповски, имами и хафизи од сите скопски региони како и џематлии од регионот Каршика. Програмата се отвори со ашере во интерпретација на хфз. Џемаил еф. Нухију, раководител на Институтот за Хифз „Хфз. Исмаил Ефенди“ – Скопје. Потоа, поздравен говор одржа претс...
ЗАПОЧНА КОЛЕЊЕТО НА КУРБАНИТЕ НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ
Активности, Вести

ЗАПОЧНА КОЛЕЊЕТО НА КУРБАНИТЕ НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ

По клањањето на Курбан Бајрам, на 20 јули 2021 година, Муфтиството во Скопје започна со колење на нарачаните курбани, чие месо се донира за мензата на Медресата Иса Бег, додека по обезбедување на потребната количина за учениците, вишокот месот ќе биде дистрибуирано на сиромашните во земјата, планирано со прелиминарни списоци од сите одбори на џамиите во земјата. Под организација на Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, во присуство на верската комисија за организирање на колење на курбаните, во кланицата Деми и Зи започна колењето на курбаните. Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од членовите на комисијата за организирање на колење на курбаните учествуваше во започнувањето на колењето на курбаните. Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили на својата официјал...
ОТВОРЕНА ЏАМИЈАТА „НЕЏАТ ШАИНИ“ ВО НАСЕЛБАТА ВИЗБЕГОВО
Вести

ОТВОРЕНА ЏАМИЈАТА „НЕЏАТ ШАИНИ“ ВО НАСЕЛБАТА ВИЗБЕГОВО

Во среда, на 14 јули 2021 година, со свечена програма, под организација на Муфтиството во Скопје, се отвори џамијата „Неџат Шаини“ во населбата Визбегово во Скопје. Оваа церемонија беше почестена од; Претседателот на Исламската верска заедница, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили, директори на секторите во Ријасетот на ИВЗ, Муфтијата на Муфтиството во Битола, х. Амит еф. Расими, имами и хафизи од сите Скопски региони, како и џематлии од овој крај. Програмата се отвори со ашере во изведба на хфз. Ферат Плакај. Потоа, претседателот на иницијативниот одбор, г. Фатмир Емини, одржа поздравен говор во кој зборуваше за одлуката за започнување со изградба на оваа џамија и напредокот на работите, заблагодарувајќи им се на сите кои дадоа...