Tuesday, November 17

Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ДОМАКИН НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУРСКИТЕ ВАКАФИ Г-ДИН БУРХАН ЕРСОЈ
Вести, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ДОМАКИН НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУРСКИТЕ ВАКАФИ Г-ДИН БУРХАН ЕРСОЈ

Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, на 28.10.2021 година, во Скопје го прими г-дин Бурхан Ерсој, Генерален директор на Вакафот на Република Турција, придружен од г-ѓа Шенгил Конџаѓил Заменик директор на секторот за уметнички дела и градби, г-дин Акиф Солмаз - градежен инженер и г-дин Абдула Бекирли, заменик-шеф на кабинетот. На почетокот на средбата Муфтијата им посака добредојде на почесните гости и ги информираше за обемната активност на Муфтиството, особено за одржувањето на скопскиот вакаф и идните планови; информирајќи ги од прва рака за состојбата на џамиите, објектите и историските споменици во сопственост на Муфтиството во Скопје. Двете страни се договорија за подлабока соработка во конкретни проекти во иднина. На крајот од средбата, во знак на почит и благодарност, беа разм...
МУФТИЈАТА ГО ПРЕЧЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ
Вести, Посети

МУФТИЈАТА ГО ПРЕЧЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ

Во среда, 13 октомври 2021 година, Муфтијата го прими на состанок д-р Скендер Асанин - Директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје; д -р Севдаил Демири - Претседател на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците; и г - дин Сабаатин Нухију, службеник во ИДКНА. На оваа средба, Муфтијата беше детално информиран за посветеноста и широката активност на ИДКНА. Потоа, Муфтијата зборуваше за напредокот на активностите на Муфтиството во Скопје, предизвиците што ја придружуваа нашата активност, постигнатите резултати во овој период и плановите за во иднина. Двете страни ја изразија својата подготвеност за конкретна соработка во иднина во размена на искуства во однос на зголемување на заедничките проекти за подигање на свес...
МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР И ДИРЕКТОРКАТА НА КУЛТУРНО – ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР
Активности, Вести, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР И ДИРЕКТОРКАТА НА КУЛТУРНО – ИНФОРМАТИВНИОТ ЦЕНТАР

На 21.09.2021 г., муфтијата на муфтиството во Скопје, Др. Ќенан еф. Исмаили го пречека градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу и директорката на Културно-Информативниот Центар, г-ѓа Сермине Пурини. „Денеска имав чест и задоволство да бидам домакин на градоначалникот на Чаир, г-дин Висар Ганиун и г-ѓа Сермине Пурини, директорка на Културно-Информативниот Центар. На оваа повеќе од институционална и многу пријателска средба, разговаравме за имотите што му се вратени на Муфтиството во Скопје преку процесот на денационализација, како што се: Безистен, поранешната кино зграда „Албански театар за деца и млади“ и Капан Ан. Во оваа прилика, ги известив дека „Албанскиот театар за деца и младинци“ во скопската чаршија ќе продолжи да работи таму каде што е и ќе ги реализира сит...
ПОСЕТА НА ЏЕМАТОТ НА МЕСЏИДОТ „МЕШИРА“ – ТОПАНСКО ПОЛЕ
Активности, Посети

ПОСЕТА НА ЏЕМАТОТ НА МЕСЏИДОТ „МЕШИРА“ – ТОПАНСКО ПОЛЕ

На 30 Јули 2021 година (петок), д-р Фатмир еф. Заими, референт за џамиите на градскиот регион, го одржа џума хутбето во џамијата „Мешира“ во населбата Топанско Поле. Д-р Фатмир еф. Заими ја пренесе пораката за џума и го предводеше џематот за џума намаз. „Исламски совети“ - беше темата за која зборуваше Фатмир Ефенди, во џума хутбето.
МУФТИЈАТА Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ЗАМ. ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РСМ ПРОФ. Д-Р МУЗАФЕР БИСЛИМИ
Активности, Посети

МУФТИЈАТА Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ЗАМ. ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РСМ ПРОФ. Д-Р МУЗАФЕР БИСЛИМИ

Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили, во вторник на 27 Јули 2021 година го пречека проф. д-р Музафер Блислими зам. директор на Државниот архив на РСМ кој беше придружен од д-р Аднан Шериф, Раководител на секторот за документација. На почетокот на состанокот, Муфтијата ги информираше гостите за широката активност на Муфтиството во Скопје, предизвиците, достигнувања и идните планови. На оваа средба, двете страни се согласија за сериозна институционална соработка помеѓу Државниот архив и Муфтиството во Скопје преку споделување на заедничките искуства во служба на верниците и обезбедување на потребна литература и важна документација што зборува за историските факти на нашиот град. Инаку, Проф. д-р Музафер Бислими даде свој вреден придонес во рецензирање на делото...
МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ВО СКОПЈЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИЈАНЕТОТ НА ТУРЦИЈА Д-Р АЛИ ЕРБА
Активности, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ВО СКОПЈЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИЈАНЕТОТ НА ТУРЦИЈА Д-Р АЛИ ЕРБА

Во среда и четврток, 16-17 јуни 2021 година, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили го пречека претседателот на Дијанетот д-р Али Ербаш по неговата посета на Ријасетот и претседателот на ИВЗ, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, при што посети неколку џамии и разни верски и културни објекти во Скопје. На почетокот беше посетена Мустафа пашината џамија, каде што по презентација на историјата на оваа џамија, Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили му ја подари својата новоиздадена книга „Џамијата, симбол на Скопје“ - дело во кое се наведени информации за Скопје како град и за неколку џамии кои биле изградени во различни периоди и им служеле на скопјани, а кои од разни причини се разрушени. По клањање на икинди намаз се сретнаа со верските сл...
MУФТИЈАТА ЈА ПРЕНЕСЕ ПОРАКАТА ЗА ЏУМА ВО ЏАМИЈАТА „ХАЏИ НАЗИФ“
Активности, Посети

MУФТИЈАТА ЈА ПРЕНЕСЕ ПОРАКАТА ЗА ЏУМА ВО ЏАМИЈАТА „ХАЏИ НАЗИФ“

Денес, 7 август 2020 г. Муфтијата д-р Ќенан еф Исмаили придружен од оперативата на Муфтиството го посети џематот на џамијата во село Раштак. Хатибот на џамијата Флорин еф. Адеми, придружен од џематлии од овој крај, го поздравија Муфтијата и референтите на Муфтиството. На џума хутбето Муфтијата истакна: „Човекот кој има амбиции за позиција во овој свет и се стреми да сноси аманет на своите плеќи, мора да исполни одредени основни критериуми: Да биде компетентен на тоа поле, праведен и верен."...
Kомисија за оценување на знаењето на учениците на мектебите ги посети учениците на мектебот на Џамијата с.Долно Нерези
Активности, Посети

Kомисија за оценување на знаењето на учениците на мектебите ги посети учениците на мектебот на Џамијата с.Долно Нерези

Денес, четврток (20 јули 2020), членовите на комисијата за оценување на знаењето на учениците на мектебите составена од муалимките Мубера Јашари Асани и Арифе Асани ги посетија учениците на мектебот на Џамијата с.Долно Нерези со цел да се оценат нивните знаења за : Читање на Куранот , основа на верувањето , и други елементарни познавања на верата. Ова посета беше реализирана по барање од страна на муалимата Семра Куртиш. Подготвени за завршување на хатме се 19 ученици. Молиме возвишениот Ал-лах џ.ш да го награди муалимот за неговиот труд , додека на учениците им посакуваме успех во иднина!...
Муфтијата д-р Ќенан еф.Исмаили петочната порака ја пренесе во џамијата „Мехмед еф. Садик“ во Визбегово
Активности, Посети

Муфтијата д-р Ќенан еф.Исмаили петочната порака ја пренесе во џамијата „Мехмед еф. Садик“ во Визбегово

Денес, 10 јули 2020 година, Муфтијата д-р Ќенан еф Исмаили, придружен од оперативата на муфтиството, го посети џематот на џамијата „Мехмед еф. Садик “ во населбата Визбегово. Хатибот на џамија Бесник еф. Хајрулаху придружен од имамот на џамијата Џевахир еф. Камбери и присутните џематлии го пречекаа Муфтијата и референтите на муфтиството. Муфтијата одвои време да се сретне со присутните верници непосредно да се запознае со текот на работата во оваа џамија и барањата на верниците од овој крај....
МУФТИЈАТА ПОРАКАТА ЗА ЏУМА НАМАЗ ЈА ИСПРАТИ ВО ЏАМИЈАТА – С.БЕЛИМБЕГОВО , ОПШТИНА ИЛИНДЕН
Активности, Вести, Посети

МУФТИЈАТА ПОРАКАТА ЗА ЏУМА НАМАЗ ЈА ИСПРАТИ ВО ЏАМИЈАТА – С.БЕЛИМБЕГОВО , ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Денес , на 07 февруари 2020 , џамијата во с.Белимбегово беше изборот на Муфтијата д-р Ќенан еф.Исмаили за да испрати порака во хутбето на џума . Хатибот на џамијата хфз.Ејуп еф.Кадриу придружуван од членовите на џамискиот одбор и присутниот џемат го причекаа Муфтијата и референтите на муфтиството. “Карактеристиките на вистински верник“ беше темата која ја третираше, и од неа извади пораки на хутбето на денешниот ден. По молитфата , Муфтијата сподели време за еден краток разговор со хатибот на џамијата и џематлиите каде се запозна од блиску за верскиот живот во овој дел. Сектор за информирање при Муфтиството на ИВЗ – Скопје...