ЦЕРЕМОНИЈА НА ХАТМЕ ДОВА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД МЕКТЕБОТ „ДРИТА„ (СВЕТЛИНА)
Вчера, на 22 јули 2020 година (среда) во Џамијата Мустафа Паша се одржа церемонија на хатме дова по повод завршувањето на исламската верска поука на учениците од мектебот „ДРИТА„ (СВЕТЛИНА) – Топанско Поле.
На оваа програма беше присутен Муфтијата на Муфтиството на ИВЗ во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од Референтите на Муфтиството, Управителот на Институтот за Хифз во Скопје, хфз. Џемаил еф. Нухију, оџи, родители и роднини на учениците како и голем број џематлии.
Пред почетокот на програмата, со воведен збор, на присутните им се обрати муалимот на учениците хфз. Сабаатин еф. Нухију кој му се заблагодари на присутните кои одвоиле време за да присуствуваат на оваа церемонија.
Во продолжение, Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили во својот говор по овој повод, ист...







