Tuesday, November 17

Активности

МУФТИЈАТА Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ЗАМ. ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РСМ ПРОФ. Д-Р МУЗАФЕР БИСЛИМИ
Активности, Посети

МУФТИЈАТА Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ЗАМ. ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РСМ ПРОФ. Д-Р МУЗАФЕР БИСЛИМИ

Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили, во вторник на 27 Јули 2021 година го пречека проф. д-р Музафер Блислими зам. директор на Државниот архив на РСМ кој беше придружен од д-р Аднан Шериф, Раководител на секторот за документација. На почетокот на состанокот, Муфтијата ги информираше гостите за широката активност на Муфтиството во Скопје, предизвиците, достигнувања и идните планови. На оваа средба, двете страни се согласија за сериозна институционална соработка помеѓу Државниот архив и Муфтиството во Скопје преку споделување на заедничките искуства во служба на верниците и обезбедување на потребна литература и важна документација што зборува за историските факти на нашиот град. Инаку, Проф. д-р Музафер Бислими даде свој вреден придонес во рецензирање на делото...
ЗАПОЧНА КОЛЕЊЕТО НА КУРБАНИТЕ НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ
Активности, Вести

ЗАПОЧНА КОЛЕЊЕТО НА КУРБАНИТЕ НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ

По клањањето на Курбан Бајрам, на 20 јули 2021 година, Муфтиството во Скопје започна со колење на нарачаните курбани, чие месо се донира за мензата на Медресата Иса Бег, додека по обезбедување на потребната количина за учениците, вишокот месот ќе биде дистрибуирано на сиромашните во земјата, планирано со прелиминарни списоци од сите одбори на џамиите во земјата. Под организација на Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили, во присуство на верската комисија за организирање на колење на курбаните, во кланицата Деми и Зи започна колењето на курбаните. Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од членовите на комисијата за организирање на колење на курбаните учествуваше во започнувањето на колењето на курбаните. Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили на својата официјал...
МУФТИЈА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ УПАТУВА ЧЕСТИТКИ ЗА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ
Активности

МУФТИЈА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ УПАТУВА ЧЕСТИТКИ ЗА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

„Да, Ние ти дадовме добро изобилно. Па, клањај му се на Господарот твој и заколи Курбан! Оној што те мрази ќе остане без помен, навистина!“ Сура 108 Ел-Кевсер (Изобилие) Благодарноста му припаѓа на Семоќниот Аллах, апсолутниот творец. Салаватот и поздравот го упатуваме на нашиот сакан Мухамед а.с. Аллаховиот мир и милоста нека бидат над него, неговото семејство и неговите следбеници. Почитувани верници! Вторник (10 Зул Хиџџе 1442 х. г.) е првиот ден од празникот Курбан Бајрам, празник на кој верникот му се заблагодарува на Аллах со намаз и жртвување (колење) на Курбан само заради Аллах џ.ш. Во оваа пригода, дозволете ми во име на Муфтиството во Скопје и од мое лично име да ви се обратам со оваа порака молејќи му се на Семоќниот Аллах за благосостојба, среќа, п...
ОДРЖАНА РЕДОВНА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ
Активности

ОДРЖАНА РЕДОВНА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ

Вчера, на 28 јуни 2021 година (понеделник), во присуство на Муфтијата на Муфтиството во Скопје Др.Ќенан еф. Исмаили успешно е реализиран редовен состанок со членовите на Муфтиството, во кое се разговараше за реализираните активности во текот на овие два месеци, а особено се даде отчет за активностите реализирани за време на Рамазан и други активности, пред членовите кои присуствуваа на овој состанок. Состанокот беше отворен со рецитирање на неколку курански ајети од хфз. Аднан еф. Кадриу. На почетокот, Муфтијата даде детален извештај за Рамазан 2021 година; активности кои се реализираа во сите региони на Муфтиството во Скопје, Дневната Рамазанска програма, неделните предавања, верските програми посветени на мубарек денови и ноќи, итн. Во просторот обезбеден за дискусија, с...
МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ВО СКОПЈЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИЈАНЕТОТ НА ТУРЦИЈА Д-Р АЛИ ЕРБА
Активности, Посети

МУФТИЈАТА НА МУФТИСТВОТО ВО СКОПЈЕ Д-Р ЌЕНАН ЕФ. ИСМАИЛИ ГО ПРЕЧЕКА ВО СКОПЈЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИЈАНЕТОТ НА ТУРЦИЈА Д-Р АЛИ ЕРБА

Во среда и четврток, 16-17 јуни 2021 година, Муфтијата на Муфтиството во Скопје, д-р Ќенан еф. Исмаили го пречека претседателот на Дијанетот д-р Али Ербаш по неговата посета на Ријасетот и претседателот на ИВЗ, Реисул Улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, при што посети неколку џамии и разни верски и културни објекти во Скопје. На почетокот беше посетена Мустафа пашината џамија, каде што по презентација на историјата на оваа џамија, Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили му ја подари својата новоиздадена книга „Џамијата, симбол на Скопје“ - дело во кое се наведени информации за Скопје како град и за неколку џамии кои биле изградени во различни периоди и им служеле на скопјани, а кои од разни причини се разрушени. По клањање на икинди намаз се сретнаа со верските сл...
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ЏАМИЈАТА СИМБОЛ НА СКОПЈЕ„
Активности

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ЏАМИЈАТА СИМБОЛ НА СКОПЈЕ„

Во оваа дело на Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили ќе се запознаете со Скопје како град и со неколку џамии кои во различни периоди се граделе и им служеле на жителите на Скопје, а кои од разни причини биле разрушени. Оваа книга е скромен придонес на Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили со која се расветлува сјајното минато на нашиот град. Текстовите се илустрирани со фотографии, на почетокот ќе прочитате за Скопје низ историјата, улогата на џамијата, нејзината историја и маалата. Потоа ќе се запознаете со 24 објекти, џамии, месџиди и една мусал-ла, кои се разрушени и не постојат денес. За читателите, нигата ја нудиме на три јазици: албански, македонски и турски. „Во рамки на многуте активности од културен и верски каракте...
88 ИЗДАНИЕ НА ЕМИСИЈАТА „СОВЕТИ ЗА ЏУМА“ НА РАДИО ВАТИ
Активности, Емисии

88 ИЗДАНИЕ НА ЕМИСИЈАТА „СОВЕТИ ЗА ЏУМА“ НА РАДИО ВАТИ

Муфтиството во Скјопје, денес, на 11 јуни 2021 година, под водство на модераторот на емисијата Реџеп еф. Имери, за слушателите на Радио Вати, во 88-то издание, го претставува имамот Метуш еф. Мемеди, хатиб во џамијата „Ухуд“ во населбата Дижон. Тема: „Човекот, да му се врати на неговата вера“ Емисијата се емитува во 12:00 часот Џума мубарек!
Активности, Настани

Церемонија на хатме дова во Џамијата со две минариња – Сарај

Џамијата со две минариња во Сарај, денес 10 јуни 2021 година, после икинди намаз реализираше церемонија на хатме дова по повод дипломирањето на 21 ученик во основите на исламската вероисповест, кај муалимот Мухамед еф. Таири. На оваа церемонија учествуваше Муфтијата на Муфтиството во Скопје д-р Ќенан еф. Исмаили придружен од референтите на Муфтиството, имами, хафизи и роднини на учениците како и џематлии од џамијата. Во продолжение следуваше програмата подготвена од учениците на овој мектеб под раководство на муалимот Мухаед еф. Таири. Почесниот говор го одржа Муфтијата д-р Ќенан еф. Исмаили кој го оцени високиот ангажман на муалимот на џамијата. Пред заокружување на церемонијата, на сите ученици, Муфтијата им додели дипломи, а за неговата неуморна работа, на муалимо...
Активности, Настани

ПЕТТА СЕСИЈА ЗА СЛУШАЊЕ НА НОВИОТ ХАФИЗ ЕНСАР ЧАЈАНИ

Вчера, на 10 јуни 2021 година (четврток), пред комисијата за оценување на хафизите при Муфтиството во Скопје, се одржа петта сесија за слушање на новиот хафиз Енсар Чајани. Пред почетокот на сесијата за слушање, со збор се обрати д-р Фатмир еф.Заими. Пред комисијата, Хафизот ги рецитираше 22, 23, 24 и 25 џуз. Слушањето на хафизот ќе продолжи во наредниот ден.
Комисија за оценување на учениците од мектебите ги посети учениците од мектебот на Јахја пашината џамија – Скопје
Активности

Комисија за оценување на учениците од мектебите ги посети учениците од мектебот на Јахја пашината џамија – Скопје

Комисија за оценување на учениците од мектебите ги посети учениците од мектебот на Јахја пашината џамија - Скопје   Вчера, на 25.05.2021 година (вторник), Комисијата за оценување на учениците при Муфтиството, претставена од Мубера Асани и Арифе Асани, ги посети учениците од мектебот на Јахја пашината џамија - Скопје. За време на оваа посета, комисијата ги провери нивните знаења стекнати врз основа на наставната програма на Муфтиството.   Основите на верата ги научиле од муалимата Јасемин Шабани.   Го молиме Семоќниот Аллах, за дадениот придонес да ја награди муалимата со Неговите добрини, а на учениците здравје и понатамошен успех во животот!...